Џастин Бибер и понатаму сака да си ги измери силите со Том Круз

Џастин Бибер и понатаму сака да си ги измери силите со Том Круз

Популарниот пејач и понатаму смета дека може да го „истепа“ Круз...

„Сакам да го предизвикам Том Круз на меч. Том, доколку не го прифатиш овој предизвик значи дека се плашиш“ - напиша Бибер на својот профил на 10 јуни 2018 година. Помина скоро една година од оваа изјава и оваа борба не се случи, бидејќи Том круз потполно го игнорираше Бибер и не напиша ништо поврзано за неговиот предизвик.

Мномина мислеа дека и самиот Бибер се откажа од тоа, но тој во интервјуто со Џејмс Корден рече дека и понатаму сака да се бори против Том.

„Сите мислат дека тој е неверојатен и дека е силен, но тоа што луѓето го гледаат во филмовите не значи дека е реално. Во филмовите тој глуми нереални ликови, а во реалноста е всушност друга личност. Затоа сакам да се испробам против него, бидејќи тој важи за еден од најиздржливите и најатрактивните мажи во Холивуд“ - рече Бибер.

Се сомневаме дека ќе дојде до борба помеѓу Бибер и Круз, бидејќи Круз на ваквите работи воопшто не обрнува внимание, но кога би дошло до борба, што мислите, дали младиот пејач ќе успее да го победи актерот кој има скоро 60 години?

Можеби ќе ве интересира: