Џастин Бибер објави дека е болен: Откри од што пати со години

Џастин Бибер објави дека е болен: Откри од што пати со години

Објавена во: Stars // Музика

„Тоа се одрази на мојот вид, на мојата кожа, мозочните функции, енергијата и целокупното здравје“ - напиша Бибер.

Еден од најпопуларните музички ѕвезди на денешницата, канадскиот пејач Џастин Бибер, потврди дека боледува од лајмска болест.

Бибер оваа тажна вест за неговите обожаватели ја потврди на Инстаграм, наведувајќи дека тоа ја загрозило неговата кожа, мозочните функции и здравјето воопшто.

„И додека многу луѓе зборуваат дека Бибер изгледа како го*но, не се свесни дека од неодамна ми е дијагностицирана лајмска болест. И не само тоа, таа се одрази на мојот вид, мојата кожа, мозочните функции, енергијата и целокупното здравје. Овие работи ќе бидат објаснети во документарецот кој наскоро ќе го објавам на Јутјуб. Ќе можете да дознаете со што се борев. Беше тешко неколку години, но со соодветната терапија која ќе ми помогне да ја победам болеста, ќе се вратам подобар од било кога“ - напиша Бибер.

Во документарецот ќе објасни поради што луѓето мислеле дека се бори со длабока депресија, кога всушност се борел со лајмската болест.

Документарецот би требало да излезе на 27 јануари оваа година, а во него Џастин и неговите блиски ќе зборуваат за тоа со какви стравични симптоми се борел во 2019 година. Докторите долго се бореле да сфатат што не е во ред со него, но не можеле со сигурност да потврдат се до минатата година.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: