Џастин Бибер обвинет за сексуален напад: Пејачот ги објави сите докази од таа вечер
Џастин Бибер ги демантираше обвиненијата дека сексуално нападнал жена, која го обвини на социјалните мрежи.
Девојакта која се претстави само како Даниела, на Твитер во саботата напиша дека пејачот сексуално ја нападнал во хотелот во Остин, Тексас, на 9 март 2014 година.
Откако Бибер ги демантираше обвинувањата, нејзиниот профил на Твитер исчезна.
Бибер напиша дека во текот на целата кариера се соочува со „случајни обвиненија“, а за сето тоа одлучи да проговори по разговорот со својата жена Хајли.
Истакна дека „гласините се само гласини“ и нагласи дека сексуалната злоупотреба не ја сфаќа лесно.
Rumors are rumors but sexual abuse is something I don’t take lightly. I wanted to speak out right away but out of respect to so many victims who deal with these issues daily I wanted to make sure I gathered the facts before I made any statement.
— Justin Bieber (@justinbieber) June 22, 2020
„Сакав веднаш да проговорам поради почитувањето кое го имам кон жртвите на насилство и сакав да имам факти пред било каква изјава. Во последните 24 часа се појави нов профил кој раскажа приказна за мое учество во сексуален напад на 9 март 2014 година во Остин, Тексас во хотелот „Four Seasons“. Сакам да бидам јасен. Нема вистина во таа приказна. Наскоро ќе ви докажам дека на таа локација никогаш не сум бил“ - напиша тој.
In the past 24 hours a new Twitter appeared that told a story of myself involved with sexual abuse on March 9, 2014 in Austin Texas at the Four seasons hotel. I want to be clear. There is no truth to this story. In fact as I will soon show I was never present at that location.
— Justin Bieber (@justinbieber) June 22, 2020
Потоа објави дека во Остин бил со својата тогашна девојка Селена Гомез и приложи серија линкови од вести, фотографии, „скриншотови“ и сметки кои ја потврдуваат неговата приказна дека не бил во хотелот „Four Seasons“. Сметување нашол во стан кој го изнајмил преку Airbnb и во друг хотел, тврди.
These photos clearly show me on stage with my assistant sidestage and the other with both of us in the streets of Austin afterwards on March 9 2014 pic.twitter.com/WlC6KAvJOZ
— Justin Bieber (@justinbieber) June 22, 2020
Во веста која ја имаше линкувано пишува дека тој и Селена биле на концерт на SXSW, но по него останале на улица. Додава и дека раководителот на хотелот може да потврди дали Бибер навистина во него тој датум.
We have also confirmed with the Four Seasons regional manager that I was never on property on the 9th of March 2014 and never a guest on the 9th or the 10th and I welcome all press to inquire with them if needed or wanted.
— Justin Bieber (@justinbieber) June 22, 2020
„Секое тврдење за сексуална злоупотреба треба да биде сериозно сфатена и затоа мислам дека мојот одговор беше потребен. Оваа конкретна приказна е невозможна и затоа ќе соработувам со властитие и Твитер и ќе преземам конкретна акција“ - порача тој.
The Pics I showed of me and Selena march 9 in Austin should make it clear that we were together that night and went from the venue to our Airbnb and never went to the four seasons. This is our airbnb receipt where we crashed with our friends pic.twitter.com/4ZDIqjeCIQ
— Justin Bieber (@justinbieber) June 22, 2020
Furthermore I stayed with Selena and our friends at an airbnb on the 9th and on the 10th stayed at a Westin because our hotel reservation at LÀ Quinta and not the four seasons was messed up. Here are the receipts for the hotel on the 10th pic.twitter.com/hLNHnvJ6XS
— Justin Bieber (@justinbieber) June 22, 2020
Every claim of sexual abuse should be taken very seriously and this is why my response was needed. However this story is factually impossible and that is why I will be working with twitter and authorities to take legal action.
— Justin Bieber (@justinbieber) June 22, 2020