Џастин Бибер откри дека има ново хоби: Што прави сега во слободно време?
Во животот на Бибер се случуваат многу работи - неодамна прослави годишнина од бракот со Хејли, посвои две мачиња, работи на својата колекција облека... но, тоа по се изгледа не му е доволно. Пронајде уште едно хоби - изработки од колаж.
Иако фановите очекуваат Бибер да започне да работи на нова музика и да се посвети на тој дел од животот, изгледа дека ќе мораат уште малку да почекаат, бидејќи тој сега има ново хоби. Пред некој ден на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која има една тон различни уметнички прибори - кофички со боја, маркери, четки... А, сите овие работи му беа потребни за да поднови едни патики.
Освен што се занимава со украсување на патики, пред тоа сподели и неколку фотографии од колажите кои ги правел. Ова негово уметничко дело се состои и многу сликички и етикети од неговиот бред на облека - Drew.
Но, тоа не е се. Колку е сериозен околу новото хоби сподели и на Инста стори покажувајќи ја својата нова работилница во дворот.