Џастин Бибер проговори: Која пејачка е заслужна што тој се врати на музиката?
Откако Џастин Бибер за време на едно интервју и ја понуди својата помош на младата тин ѕвезда Били Ајлиш и откако ги искажа своите симпатии кон неа, следуваше уште едно шокантно признание. Имено, тој призна дека се плашел да се врати на музиката, а дека Ариана Гранде му помогнала да го надмине тој страв.
„Се соочував со бројни стравови. Започнав да се споредувам со другите пејачи. Тогаш отидов на бина со Ариана Гранде и ја видов реакцијата на луѓето. Таа ми даде самодоверба и ме потсети зошто се занимавам со оваа работа“ - рече Џастин.
Инаку, пред неколку дена, односно за Денот на вљубените, пејачот го објави својот нов албум „Changes“ со кој се врати на музиката сцена.