Џастин Бибер со нова тетоважа ја докажа љубовта кон Хајли
Со оглед на тоа дека на неговото тело речиси и да нема празно
место за нови тетоважи, Бибер започна да го тетовира и лицето...
Авторот на новата тетоважа на Џастин потврди дека пејачот над десната веѓа има нов цртеж кој е посветен на неговата сакана Халји.
„Обајцата имаат нови тетоважи, тетоважата на Џастин е мала и речиси незабележителна или навистина добро ја прикрива. Тетоважите на Џастин и Хајли не се класични 'couples tattoo',“ откри Банг Банг, тату артистот на Бибер.
Магазинот People, пишува дака над веѓата на Бибер стои малиот натпис grace (милост), но сепак таа информација сè уште не е потврдена.
И Хајли неодамна направи нова тетоважа посветена на Џастин, но не се знае на кое место и што значи. Тоа е нејзина 20 тетоважа, сите нејзини тетоважи се мали и невпечатливи. Од друга страна пак Бибер веќе има 60 тетоважи на неговото тело и повеќето се големи. Се чини дека двојката ја обожава оваа уметност.
Фото:
Инстаграм