Џејкоб Елорди малку го промени изгледот: Му стојат ли добро брковите? (ФОТО)
Шон Мендес погреши со брадата, но на Џејкоб не му стојат лошо брковите...
Џејкоб Елорди е вистински холивуски шармер - секогаш беше и остана. Сега папараците го уловија додека одел по кафе и на сите им падна во очи промената - пуштил бркови. Со оглед на тоа што е актер, можно е тоа да морал да го направи поради некоја улога.
Џејкоб Елорди моментално го снима својот нов филм под назив „On Swift Horses“, а дали брковите се за улогата или едноставно ги сакал во приватниот живот, ќе видиме кога ќе излезе филмот.
Досега не сме имале можност да го видиме Џејкоб со бркови, а му стојат ли добро или подобро изгледа кога ги нема? Коментарите под фотографијата се позитивни и на многумина им се допадна оваа промена. Некои се шегуваат дека ја отклучил мексиканската верзија од себе, а нас веднаш не потсети на Ештон Кучер.
Без бркови изгледа многу помладо и има вистинско „baby face“.
Освен брковите, уште една смешна работа која им падна во очи на луѓето е неговата чанта. На некои папарацо фотки ја има ставено на рамо па не се забележува толку, но на некои му е спуштена, онака како што девојките ја носат и невозможно е да не се насмеете.
Со оглед на тоа што станува збор за женска чанта, сите се прашуваат дали е негова или е на личноста на која ѝ носи кафе. Сепак, тоа не ги спречи луѓето да се шегуваат на сметка на чантата и за тоа колку добро му соти. Чантата можеби излезе поинтересна од неговиот изглед.