Џиана, ќерката на Коби била во хеликоптерот: Загина и неговата наследничка
Легендарниот НБА играч Коби Брајант почина во несреќа со хеликоптер во Калифорнија, објавија светските медиуми, но последна во низата објави беше и онаа дека неговата 13 - годишна ќерка Џиана била во хелихоптерот и загинала заедно со него.
Џиана или попозната како „Џиџи“, минатата година го покажа својот атлетски талент кој го има наследено од нејзиниот татко. Таа на 13 години на терен покажа некои од финтите кои и ги имаше покажано славниот Коби.
Тој имаше 41 година. Брајант цели две децении играше за Лос Анџелес Лејкерс, освојувајќи пет првенства и 18 ол-стар пред да се повлече после сезоната во 2016-та година. Познат беше што секогаш и секаде патуваше со хеликоптер.
Коби, зад себе ги остави сопруга Ванеса Брајант и трите девојчиња – Наталија, Бјанка и Капри. Најмалата ќерка, Капри во семејството на кошаркарот дојде во јуни минатата година, а најголемата, Наталија на една недела пред неговата смрт наполни 17 години.