Џиџи Хадид се испроба во нова улога: Наскоро ќе ја гледаме на Нетфликс (ФОТО)
Ја знаеме како манекенка, а сега се испроба во нешто сосема друго...
Џиџи Хадид потпиша договор со Нетфликс и така се најде во улога на водителка во втората сезона на популарното шоу на Нетфликс - „Next in Fashion“.
Станува збор за шоу во кое група неверојатно талентирани дизајнери се натпреваруваат за шанса да освојат награда од 200.000 долари. Преку шоуто добиваат можност за самопромоција, како и за споделување на нивните модни дизајни со светот.
„Next in Fashion“ на Нетфликс пристигнува на 3 март, а трејлерот исто така ја здогледа светлината на денот.
„Еј, еј, драга. Никој овде не те повикал поради манекенство“ - ѝ вика во трејлерот нејзиниот колеги и ко-водител Тан Франс на Џиџи, по што додава: „Имаш вистинска работа за работење“.
Во кратките сцени, може да ја видиме Џиџи како разговара со модните дизајнери кои се натпреваруваат за наградата, но и како се труди да ги опушти со констатацијата дека модата пред сѐ треба да биде забавна. Исто така, може да ја видиме Џиџи во легендарниот црвен тесен комбинезон на Версаче со волуменозно палто, кој го носеше на Мет Гала во 2022 година.
Убавата манекенка со сето ова се пофали на својот Инстаграм профил.
„Поминавме посебно и забавно време со овие дизајнери и едвај чекам да ги запознаете“ - напиша Џиџи, а не се сомневаме дека се истакна во улогата на водителка.
фото: Принтскрин / Инстаграм