Џиџи и Зендаја ја воодушевија Индија: Облекоа сари и покажаа како се спојува традицијата и гламурот
Со овие модни комбинации искажаа чест на домаќинот...
Џиџи Хадид и Зендаја отпатуваа овој викенд во Индија на отварањето на културниот центар Нита Мукеш Амбани во Мумбаи, кој исто така ја слави индиската мода и уметност.
За да му оддадат почит на домаќинот, двете ѕвезди избраа сари - традиционална индиска женска народна носија. Нивните тоалети беа спој на традицијата и гламурот.
Џиџи пристигна во златно сари, уркасено со светки и монистра. Таа имаше многу нараквици на двете раце. Кога е шминката во прашање, манекенката ја истакна својата природна убавина со „nude“ тонови, а долгата коса ја собра во уредна пунџа. Џиџи за претходниот викенд се огласи и на својот Инстаграм профил и ги повика своите следбеници да ја посетат Индија, секако доколку се во можност.
Зендаја на црвениот тепих пристигна со своето момче Том Холанд, а сите ги воодушеви со темно синото сари кое беше посипано со сребрени мониста, додека долниот дел од здолништето ѝ беше украсено со впечатливи цветни мотиви.
Иако Зендаја и Том одвоено позираа на црвениот килим, ова е првиот јавен настан, на кој по долго време се појавија заедно.
фото: Принтскрин / Инстаграм