Џина Џиновиќ во чекор со Кејт Мидлтон и Јелена Ѓоковиќ: Ќерката на Харис носи обетки од 11.000 евра (ФОТО)
Обетките од престижната златарница се желба на многу дами...
Јавните личности во Србија, исто како оние кои се планетарно познати, сакаат да се почастат со егзотични патувања, луксузни автомобили, но и скапи парчиња облека, и накит од престижни златарници.
Една од нив е и наследничката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина, која на својот Инстаграм профил објави фотографија на која, освен нејзината убавина, до израз дојдоа и нејзините обетки од брендот „Van Cleef & Arpels“.
Имено, обетките од престижната француска златарница децении наназад се желба на многу дами, а Џиновиќ во оваа прилика ги носеше со класичен црн, чипкан фустан и чанта од брендот „Jacquemus“, поточно моментално најпосакуваниот „Le Grand Chiquito tote“ модел.
Кога станува збор за накитот од „Van Cleef & Arpels“, во прашање е 18-каратно залто, а цената на ова парче накит во облик на црвена детелина варира во зависност од тоа дали е во прашање чисто злато или дијамант.
На веб-страниците, цената на овие обетки се движи и до 11.000 евра, но постои и можност и за нешто поевтина варијанта, кога се купува од колекционери.
За потсетување, ќерката на фолк пејачот не е единствена љубителка на овој модел на обетки. Луксузниот бренд кој е основан во 1896 година го преферира и Кејт Мидлтон, потоа сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, но и актерката Мирка Васиљевиќ. Тие се сопственички на некој од моделите на овој скапоцен бренд.
фото: Принтскрин / Инстаграм