Џоли и нејзините ќерки Захара и Шајло ги скратија косите: Причината ќе ве трогне, а можете да се приклучите и вие (ФОТО)
Убавата актерка Анџелина Џоли и нејзините две ќерки решија на овој начин да покажат солидарност...
Анџелина Џоли отсекогаш била во центарот на вниманието. Секој нејзин потег се следи, без разлика дали во прашање е љубовта, здравјето, модата, семејството или кариерата.
Имено, Анџелина и нејзините две ќерки, Захара и Шајло, на многу оригинален начин решија да им упатат порака на жените во Иран кои се борат за своите права.
Тие скратија прамени од своите коси, кои требало да бидат дел од една изложба.
На неколку фотографии е прикажано како Анџелина сече прамени од косите на Захара и Шајло, кои со својата мајка се приклучија на овој проект.
Џоли на Инстаграм објави видео во кое подобро ја објаснува целата замисла. Идејата е прамените коса да ѝ се испратата на уметницата Пруне Нури во Париз, која ќе ги исложи на нејзината изложба.
„Мојата пријателка Пруне Нури работи на прекрасен уметнички проект за да покаже солидарност со храбрите жени во иран, кои се борат за еднаквост и права, но и да оддаде почит на нивната храброст. Во сето тоа се вклучи и моето семејство“ - кажа Џоли.
Потоа апелираше дека секој кој сака да помогне, може да се приклучи на акцијата.
„Секој од вас може да учествува во проектот со испраќање на прамен од својата коса до 25 февруари“ - порача Анџелина.
Откри дека изложбата ќе се одржи на 8 март, на Меѓународниот ден на жената, во Њујорк. Анџелина е позната по тоа што редовно учествува во различни хуманитарни проекти, а полни две децении беше и амбасадорка на Обединетите нации.
фото: Принтскрин / Инстаграм