Единаесет годишно момче почина поради опасен предизвик TikTok: Доживеа срцев удар

Единаесет годишно момче почина поради опасен предизвик TikTok: Доживеа срцев удар


Момче од Велика Британија почина на само 11-годишна возраст, откако се верува дека учествувало во опасниот предизвик за „хроминг“ на TikTok

„Хроминг“ е жаргонски термин што се користи во Австралија за да се опишат опасните активности. Предизвикот вклучува вдишување испарувања од штетни материи, како што се спрејови или лименки со боја.

Според The Times, Томи-Ли Грејси Билингтон наводно доживеал срцев удар во саботата и бил пронајден во несвест во куќата на неговиот пријател во Ланкастер од страна на ЕМС.

Брзата помош нешто по 12 часот повикала полиција и го пренела момчето во болница, но набрзо била констатирана смрт.

Неговата баба Тина Барнс ја повика платформата ТикТок да преземе дополнителни мерки за заштита на децата, повикувајќи да се забрани користењето на социјалната мрежа за оние помлади од 16 години.

„Тој почина додека беше на спиење кај  пријател. Момчињата пробувале да го прават предизвикот од TikTok, Томи-Ли веднаш добил срцев удар и починал. Докторите во болницата направиле се за да го спасат, но не успеаја“, рече таа.

„Имаше златно срце исто како и неговиот татко. Нашето семејство е целосно уништено“, додала неутешната баба.

Полицијата во Ланкашир соопшти дека неговата смрт засега е необјаснета. Засега се верува дека момчето учествувало во опасен тренд кој вклучува вдишување токсични хемикалии, често од производи за домаќинството, за да се „издрогира“, пренесува Telegram.hr.

Ова може да влијае на централниот нервен систем, што доведува до забавена активност на мозокот, нејасен говор, вртоглавица, халуцинации и потенцијално срцев удар или задушување.

Фото:screenshot

Можеби ќе ве интересира: