
Емили Ратајковски ги учи Американците како да го изговараат нејзиното презиме: Јас сум Полјачка
Сега знаеме како звучи презимето кога Емили ќе го изговори со својот полски нагласок...
На Модната недела во Њујорк, на пистата се прошета и манекенката и модел Емили Ратајковски.
Додека се подготвуваше за модната ревија на модната куќа „Tory Burch“, пропратно одговори и на прашањата на една новинарка.
Имено, новинарката ѝ постави прашање како всушност се изговара нејзиното презиме „Ratajkowski“, а одговорот на Емили стана вирален.
@toryburch Replying to @emrata she’s right! We’ve got the receipts #TikTokFashion #NYFW #ToryBurch #ToryBurchFW23 #EmilyRatajkowski original sound - Tory Burch
„Ра-тај-ков-ска“ - вели Емили во видеото, додека новинарката остана видно изненадена.
„Јас сум Полјачка. Тоа е изговорот“ - дополнително објасни манекенката и така го „реши случајот“.
Во официјалната биографија на менекенката на IMDb, стои дека дедото од страна на татко ѝ бил Полјак, додека дедото по мајка бил Евреин. Затоа, кога новинарите ја прашале за тоа, таа за својата националноста посочила дека е половина Полјачка, половина Еврејка.
фото: Принтскрин / ИнстаграмМожеби ќе ве интересира:
