Физичките карактеристики на хороскопските знаци

Физичките карактеристики на хороскопските знаци

Овен

Овните обично имаат високото чело, нескротлива коса, агресивен став и немирни движења.

Бик

Биковите најчесто се крупно градени. Имаат големи очи со спуштени капаци, полни усни, краток врат и широк граден кош.

Близнаци

Тие се слаби, со долги раце и нозе, немирни со гестикулациите и многу брзо зборуваат. Имаат правилни и остри црти на лицето.

Рак

Тие привлекуваат погледи со атрактивниот изглед. Имаат витка линија, остар став, исправени движења и длабок поглед.

Лав

Лавовите се познати по нескротлива коса како гривата на лавовите. Имаат кралско држење и храбар пристап.

Девица

Девиците имаат бебешко лице, витка линија и поглед кој ве анализира од глава до петици. Исто така, ги краси дискретен хумор и постојана блага насмевка.

Вага

Вагите имаат секогаш правилни црти на лицето, често пати дупчиња на образите и широка насмевка.

Скорпија

Скорпиите се препознатливи по својот поглед во кој можете да се изгубите, прекрасни очи и интензивни црти на ликот.

Стрелец

Стрелците имаат високо чело, прекрасен говор, лесно движење, младоликост и развиени раменици.

Јарец

Јарците имаат подолг нос, изразено лице, витка фигура, нагласени раменици и убав тен.

Водолија

Карактеристични за нив се спуштените очи, блескавата насмевка, меката кожа и темната коса. Познати се и по грациозниот став.

Риби

Рибите имаат убава насмевка, големи очи и пријатен глас. Препознатливи се по своето специфично движење.


Можеби ќе ве интересира: