Флуресцентната Мартија: Со секој изглед, едно скалило повисоко
Фуриозно менува
стилови, а најважно е што знае да ги владее трендовите. Музичката тин ѕвезда
Мартија Станојковиќ со секоја нова фотографија на социјаните мрежи ни
презентира изгледи кои совршено ги комбинира.
Инстаграм е местото на „модната писта“, па таму во
една целина ги има сите фотки во кои се гледа незината модна трансформација.
Овој пат, се одлучи за фотки со мистична содржина. Главниот акцент е ставен на
флуресцентни суптилни детали кои се постигнати со благо затемнување на
силуетата, за да можат да бидат потенцирани. Мартија носи црн комплет, а
чевлите и ноктите се во силни бои. Во секој случај, успешна фотосесија и никако
досадна, туку паметно направена.