Фотка стара скоро четвртина век: Каролина Гочева се присети како изгледала на 17 години
Македонското девојче, Каролина Гочева важи за една од пејачките која својот приватен живот го крие како змија нозете. Многу ретко споделува фотографии со најблиските, а уште поретко фотографии од себе, создадени во младоста.
На сцената се појави во 90-тите како многу млада, а еден од настапите кои беа клучни за нејзината кариера беше оној на Макфест во 1991 година, кога ја отпеа песната „Мамо пушти ме“. Тогаш јавноста за првпат ја забележа, а стиховите од таа песна се пеат и ден денес.
Сега, пејачката се потсети на еден настап од тие години. На својот Инстаграм профил сподели фотографија стара скоро четвртина век, поточно 24 години. Во сатенски панталони кои ја следат линијата на телото и сребрена маичка, Каролина во 1998 година во буквална смисла блесна на сцената на Скопје фест.
„Скопје Фест '98. Јас на 17 години“ - напиша пејачката на фотката.
Во продолжение погледнете го и настапот од ова фестивалско претставување: