(ФОТО) 1000 фотографии и ниту еден збор: Автобиографијата на Ријана е вистинска книга од ерата на Инстаграм
Светот веќе два дена не престанува да зборува за „Ријана“, „визуелната автобиографија“ на светската ѕвезда. Секој кој имал можност да ја види оваа автобиографија, вели дека станува збор за книга од ерата на Инстаграм.
Книгата е тешка скоро 7 килограми и е околу 40 сантиметри долга и не се чува на полица, туку на маса од која можете да ја анализирате, како уметничко дело.
Во неа се наоѓаат над 1.000 фотографии - сведок на статусот на Ријана, не само како на музичарка, дизајнерка и деловна жена, туку како и визуелна икона. Освен насловот и краткото објаснување, во која книга нема зборови, дури ни предговор.
Многу од фотографиите лесно ќе ги препознаете, пред се благодарејќи на големата база на обожаватели, кои жестоко ја следат нејзинат кариера.
Другите фотографии даваат нов агол за анализарање на оваа музичарка. Тука се фотографиите од нејзиното детство на Барбадос, кога била позната по своето име, Робин Фенти. На една фотографија е забележана нејзината победа на локалниот конкурс за мис кога имала 16 година, додека покрај онаа од алманахот стојат зборовите: „Робин е многу вредна и горда што добро ја работи својата работа“.
Има неколку фотографии и од нејзиниот 23 - ти роденден. На една пуши цигара, додека Џеј Зи отвара златно шише шампањ, а Бијонсе се смее покрај него.