(ФОТО) Анџелина позираше во фустан како самовила, но нејзините деца ја засенија
Анџелина Џоли ги воодушеви сите на сцената во Лондон на премиерата на новото продолжение на филмот „Господарка на злото“. По низата впечатливи црни фустани, актерката овој пат заблеска во малку поинакво издание.
Подготвено позираше на црвениот тепих во фустан со златни нитни и кој е отворен на грбот, преку што дополнително се нагласува нејзината витка фигура и деколте.
Сепак, Џоли овој пат остана во втор план, бидејќи ја засенија нејзините деца - Zahara, Shiloh и близнаците Vivienne и Knox.
Актерката веќе во неколку наврати покажа дека таа е родител кој на своите деца им дозволува да ја изразат својата креативност и модниот стил. Тоа се забележуваше и на црвениот килим.