(ФОТО) Бијонсе во солзи после скандалозниот инцидент

(ФОТО) Бијонсе во солзи после скандалозниот инцидент

Објавена во: Stars // Музика

Еден од најнезгодните моменти на светската музичка сцена се случи во 2009 година, на „MTV Video Awards“.

Кариерата на младата пејачка Тејлор Свифт беше во значителен пораст во тоа време, а немилиот настан што се случи при доделувањето на наградата за најдобрар женски видео запис на годината ја одбележа Тејлор за сите времиња.

Откако беше прилично неочекувано прогласена за победничка, 19-годишната Тејлор излезе на сцена за да го даде својот говор за благодарност. Одеднаш, на сцената се придружи контроверзниот рапер Канје Вест, кој и го зеде микрофонот од нејзината рака и пред сите изјави  ’Бијонсе го има едно од најдобрите видео записи на сите времиња’, зборувајќи за тогашниот хитот „Single Ladies“.

Никој не можеше да го сокрие шокот од оваа изјава, но и срамот на лицата, па дури ниту Бијонсе, бидејќи никој не го очекуваше овој потег од раперот.

Тогашниот претседател на „Viacoma“, Ван Тофлер се потсети на скандалозниот инцидент на Билборд и откри детали кои засега беа непознати.

„Дојдов позади сцената, и таму беше Бијонсе со нејзиниот татко. Таа плачеше и рече: „Не знаев дека ова ќе се случи, се чувствувам лошо за Тејлор“. И тогаш ми падна на памет, а можеби и нејзе, да ја промениме насоката на цела вечер “ - изјави Ван, признавајќи дека МТВ таа вечер за прв пат во историјата го прекрши строгиот протокол.

Во обид да ја задржат Бијонсе, која после инцидентот, цврсто решила да си замине на сред вечер, тие и признале дека таа ја освоила најважната награда, онаа за најдобар видео запис на годината. Тогаш тие и предложија при доделување на нејзината награда, Тејлор да биде поканета на сцената, што и навистина се случи.

„Морав да и го предложам ова на Бијонсе за да може да остане и можеби да ја заокружи целата приказна, така што ќе и овозможи и на Тејлор да го има својот момент на сцената. Во спротивно, не би кажал ништо, но имав две од најпопуларните пејачки на светот кои плачат “- изјави Ван.

Патем, таа година Бијонсе имаше најмногу номинации заедно со Лејди Гага. Секоја имаше дури по девет номинации, а и двете освоија по три награди. Дури и за Тејлор, таа вечер беше исклучително успешна, бидејќи таа стекна уште повеќе фанови после кобниот настан и неодамна беше прогласена за најплатената ѕвезда на светот.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: