(ФОТО) Дали ја препознавате девојката од фотката? - Беше најмладата добитничка на „Ѕвездите на Гранд“, а вака изгледаше како дете
На аудиција за првата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ се појавила на само 13
години, но потоа била елиминирана од конкуренцијата, но веќе следната година ги
надминала сите кандидати.
Пејачката Милица Тодоровиќ е најмладата победничка на престижниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Победила во 2005 година кога имала само 15 години и веднаш почнала да снима песни и да учествува на фестивали, додека за првиот албум морала да почека до 18-тиот роденден и да стане полнолетна. Милица сними албум, проследен со многу хитови, а со песната „Три Чаше“ снимена во 2013 година стана една од најпопуларните пејачки на Гранд.
Покрај тоа што е позната по своите песни, Милица важи и за шоумен на сцената, бидејќи не се двоуми да каже добра шега, да изведе имитација или да одглуми скеч. Таа често споделува интересни содржини со своите следбеници на социјалните мрежи, а сега реши да им покаже како изгледала пред натпреварот и популарноста.
Таа на Инстаграм објави фотографија од детството. На неa гледаме слатко девојче кое држи кукла и плишана играчка, но малкумина би претпоставувале дека станува збор за Милица доколку пејачката самата не го напиша тоа.
Да потсетиме, Милица неодамна раскина со поранешниот модел Лазар Граниќ, а за врската со него неодамна проговори вака:
- Немав што да преболам. Немам ништо грдо и лошо да кажам за бившиот партнер, раскинавме, кратко траеше. Останавме во добри односи, како што останав јас со сите бивши. Јас сум секогаш отворена за љубов, кога ќе дојде, добредојдена е. Не кријам, љубовта е најубавото нешто.
Фото: Инстаграм - Милица Тодоровиќ