(ФОТО) Џастин Бибер конечно ја скрати косата!
Славниот пејач веќе подолго време носеше долга коса, но на голем број од неговите обожаватели не им се допаѓаше овој стил. Па така тој конечно реши да ја смени фризурата.
Џастин конечно ја скрати долгата, фарбана коса и цел Интернет е воодушевен од оваа негова одлука, пишува Космополитен. Фотката од новата фризура ја објави пред некој ден на Инстаграм стори, а деновиве и Твитер е преплавен со оваа негова фотограија.
Неговата нова фризура е слична на онаа што ја имаше пред неколку години. Веројатно пејачот се решил на овој чекор бидејќи на фановите најмногу им се допаѓаше овој негов изглед.
Фото: Инстаграм