(ФОТО) Џиџи Хадид одобрува: Спорско-деловна модна комбинација која може да ја носите секој ден
Манекенката Џиџи Хадид е една од водачите на трендот за спортска елеганција, во кој таа навистина предобро се истакнува.
Таа го потврди ова уште еднаш со својот последен стајлинг за прошетка низ градот. Џиџи успешно ги искомбинира кратките хеланки со елегантно сако и докажа дека овадоста омразено модно парче може да изгледа и елегантно.
Манекенката ги комбинираше спортските кратки хеланки со огромна бело сако во комбинација со бела маица со принт. На нозете носеше бели патики и чорапи со иста боја, а го украси стајлингот со шарена рачна чанта.
Стилскиот изглед го надополни со ретро очила за сонце со бели рамки, златни ѓердани и тркалезни обетки, а косата ја носеше природно пуште настрана.