(ФОТО) Ги воодушеви сите: Кајли Џенер изненади со костимот за Ноќта на вештерките
Кајли Џенер за овогодинешната Мет Гала носеше фустан со виолетови пердуви и перика, а за Ноќта на вештерките одлучи Сторми да ја облече во истата креација, односно да ја маскира во себе.
Малата Сторми, ќерката на раперот Тревис Скот и Кајли Џенер, за Ноќта на вештерките се маскираше во сопствената мајка. Кајли фотографијата од својата ќерка во идентично издание ја објави на Инстаграм.
Исто така, таа сподели и два „аутфити“ за овој настан. На првата фотографија позира со пријателката Анастасиа Караниколаоу со која се маскирани во Плејбој зајачици.
На втората фотографија Кајли заблеска како сирената Ариел, а под истата напиша: „Ариел порасна“.