(ФОТО) Го украде шоуто: Принцезата Шарлот наместо да мавта, правеше нешто недопустливо
Принцезата Шарлот и принцот Џорџ, следеа кој ќе ја однесе победата на традиционалниот кралски регати King's Cup. Мајка им, Кејт Мидлтон ги донела до прозорецот над сцената каде требало да бидат доделени наградите на победниците, а кога дошол моментот да се поздрави публиката, малата принцеза предизвикала насмевка кај публиката, кога им го исплазила јазикот наместо да мавне како што прават нејзините родители.
Принцезата го плазела јазикот и на фотографите и им покажала дека за неа кралските правила не важат. Мама Кејт се обиде да ја смири, но сепак не можеше да се воздржи, па и таа прсна од смеење поради целата ситуација.