(ФОТО) Има 9 години: Од шкртаници на час, започнал да украсува ресторани со своите цртежи
Децата секогаш треба да имаат поддршка за природните таленти од родителите, зошто доколку истите се негуваат, може да се случат големи работи. Ова е мотото по кое се водат родителите на 9 - годишниот Џо Вејл, кој се нашол во неволја поради „шкртањето“ за време на часовите.
Тие го испратиле Џо на уметнички часови по регуларните и неговите уметнички способности за брзо ги забележале сите околу него. Всушност, Џо бил поканет од 12 часа илустрирајќи го ѕидот на трпезаријата во ресторанот. Сега Џо е познат како The Doodle Boy и има своја веб - страница, како и профили на социјалните мрежи на кои ја покажува својата прекрасна уметност.
Грег таткото на Џо, за Bored Panda раскажа дека неговиот син секогаш го сакал сликањето и бил додаден во листата на надарени ученици во основното училиште на возраст од 4 години.
„Би ги советувал родителите да ги охрабрат своите деца секогаш да ги следат нивните соништа и страсти - истражувајќи локални работилници или групи во вашата локална заедница“ - испрати јасна порака гордиот татко.