(ФОТО) Имаат само 9 години и се најубавите близначки на светот

(ФОТО) Имаат само 9 години и се најубавите близначки на светот

Објавена во: Moj стил, Семејство

Ава Мари и Ли Роуз Клименс имаат само 9 години, а веќе сите очи на јавноста се вперени во нив. Имено, нив ги нарекуваат најубавите близначки на светот, а кога ќе ги видите нивните фотографии ќе ви биде јасно зошто сите го зборуваат тоа.


Ава и Ли се родени пред 9 години во Калифорнија пред терминот, а иако нивната мајка Жаки се уплашила дали се ќе биде во ред со сестрите, за среќа, тие се родени потполно здрави.


„Родени се четири ипол недели порано, но сега, познавајќи ги нивните карактери, апсолутно има смисла тоа дека одлучиле да дојдат ненајавени и подготвени да го завладеат со светот“ - изјави нивната мајка.


Кога близначките се родени, дури лекарите и медицинските сестри биле фасцинирани од нивната неверојатна убавина. Шест месеци по нивното раѓање мајка им ги запознала со светот на модата. Сепак, набрзо се откажала од тоа бидејќи сфатила дека тоа и на децата и на неа им одземало премногу време, особено поради тоа тие биле навистина многу мали.


Но, во 2017 година повторно се вратиле во светот на модата, овој пат преполни со желба за успех. Како растеле девојчињата, така било се појасно дека тие двајца обожаваат да патуваат, пеат, да бидат пред камерите, па моделингот бил логичен избор. Набрзо потпишале договор со две различни агенции.


Мајката на девојчињата се грижи тие да не пропуштаат многу од школувањето поради ова. Секое снимање или кампања мора да го завршат за викенд, за да може во текот на неделата да одат на училиште.


На почеток на кариерата мајка им ги фотографирала со мобилниот, а денес квалитетот на фотографиите и кампањите кои ги прават се многу попрофесионални. Тоа се гледа и на нивниот Инстаграм профил, каде што ги следат скоро 1,5 милиони луѓе.


Близначките велат дека најдраг им е бројот 7, бидејќи се родени на 7 септември, а и нивниот постар брат, кој им е најголема поддршка во животот.

Објавена во: Moj стил, Семејство

Можеби ќе ве интересира: