(ФОТО) Ирина Шајк на прошетката со ќеркичката: Аутфитот на Леа де Саин ќе ве воодушеви
Руската манекенка Ирина Шајк со месеци е во центарот на вниманието по разделбата со холивудскиот актер Бредли Купер со кој имаат ќеркичка, со која ужива во секој слободен момент кој го има.
Ирина и малата Леа де Саин уживаа заедно во прошека низ Њујорк, насмеани и безгрижни. Мајката и ќерката се вистински рај за очи, а сето тоа се надополнува и со изборот на нивните „аутфити“.
Ирина беше облечена во широка кошула, односно фустан со знакот на „Star Wars“, а девојчето како балерина, во розево фустанче и розеви сандали.