(ФОТО) Кајли и Травис објави фотка на која разменуваат нежности: Еден детаљ ги разбесни фановите!
Кајли Џенер и Травис Скот се повторно заедно откако таа се врати од вториот одмор на кој ја промовираше својата нова линија, па не чекаа долго за да споделат слатка фотографија на Инстаграм.
Кајли објави фотографија на која разменува нежности со Травис на паркинг пред автомомбил, но кога фановите забележаа на кој паркинг е оставен автомобилот се разбеснеа. Убавицата автомобилот го паркирала на место за инвалиди што никако не е во ред.
Фановите ги нападнаа затоа што го заземале паркинг местото кое е наменето за личности со посебни потреби и дека можеби без паркинг место останала личност на која и е навистина потребено.