(ФОТО) Какво уживање: Во вила на Ибица, која чини 120.000 евра неделно, славниот пар славеше роденден
Сопственикот на вилата не сакаше да открива детаљи за посетата на кралскиот пар, додека Бакингемската палата исто така не искоментира ништо по овој повод.
Војводата од Сасекс принцот Хари, неговата сопруга Меган Маркл и нивниот син Арчи престојувале во луксузната вила „Sa Kalma“ во Ибица пред неколку дена, по повод 38-от роденден на војвотката. Сместувањето со прекрасениот поглед кон морето и огромниот базен во оваа вила чини 108.000 фунти (однсоно околу 120,000 евра) неделно, открива „Daily Mail“.
Имотот „Vista Alegre“ на кој се наоѓа вилата е сместен во прекрасна живописна област, недалеку од селото Ес Кубелс, на југозападниот брег на островот. Покрај огромниот базен, вилата содржи седум спални соби, теретана, џакузи, работни простории, како и големи тераси претворени во градини.
На гостите кои престојуваат во вилата им следува водич, слуга, помошници, келнери, луксузен автомобил „Range Rover“ со возач, како и обезбедување. На свое барање, тие можат да изнајмат јахта, и други услуги како козметичари, масери, лични тренери.
И покрај богатата понуда и бројниот персонал, кралската двојка донела со себе личен готвач, а на Ибица пристигнале со приватен авион, велат изворите.
Претходни гости на оваа вила со прекрасен поглед на заливот биле Пол Мекартни и Дејвид Гета, како и многу други богати луѓе, изјавија поединци од локалното население.
Вила „Sa Kalma“ е во сопственост на компанијата „Art Invest Studio“,и се препоставува дека сопственик на вилата е програмерот Фернандо Корминас.
На прашањето за посетата на кралската двојка, Короминас рече дека не може да зборува за тоа, а оваа посета на принцот Хари и Меган Маркл одби да ја коментира и Бакингамската палата.