(ФОТО) Ќерките на Мадона и на Ума Турман во иста модна кампања
Децата на славните од музичката и од филмската индустрија се' почесто се ангажирани во големите модни кампањи, но и на ревиите на најпрестижните модни недели. Во новиот концепт на брендот Miu Miu одлично се вклопија ќерките на Мадона и на Ума Турман.
Креативниот тим на славната италијанска модна куќа одлучи да ги ангажира 22-годишната Лурдес Леон, ќерка на кралицата на поп-музиката, Мадона, и 20-годишната Маја Хоук, ќерката на познатата холивудска двојка Ума Турман и Итан Хоук.
Фотографиите се дело на реномираниот уметник Дејвид Симс.