(ФОТО) Лиам ја потврди веста за разводот: Што прави Мајли во меѓувреме?

(ФОТО) Лиам ја потврди веста за разводот: Што прави Мајли во меѓувреме?

Објавена во: Музика, Филм, Семејство

Веќе и птиците на гранките знаат дека Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт се разведуваат. И додека сите наголемо пишуваа за одморот на Мајли во Италија, актерот мудро молчеше.

Но, на молчењето му дојде крај и тој објави фотка на Инстаграм, покрај која напиша: 

„Поздрав на сите, само набрзо да кажам Мајли и јас се разделивме и јас и посакувам здравје и среќа во иднина. Ова е приватна работа и не сум, ниту ќе дадам изјава на новинарите и медиумите. Сите мои наводни изјави се лажни. Мир и љубов“.


Додека Лиам се триди својот приватен живот да го задржи за себе, Мајли сподели Инста стори, на кое јасно се гледа дека е во студио. Дали нејзината нова песна ќе биде посветена на разделбата со Лиам, останува да слушнеме кога истата ќе биде објавена.


Објавена во: Музика, Филм, Семејство

Можеби ќе ве интересира: