(ФОТО) Македонката најдобро облечена на Форбс наградите во Лондон
Вчера се одржа официјалното доделување на Форбс под 30 наградите во Лондон. Настанот го отвори главниот уредник Рандал Лејн кој не заборави да спомене дека е полесно да се влезе на Харвард отколку да се најдете на листата на Форбес.
Оваа година уредниците на Форбс прегледале преку 15.000 претприемачи пред да ја објават “Форбс: Под 30” (претприемачи помлади од 30 години) листата. Тој исто така им порача на присутните да погледнат добро меѓу себе бидејќи меѓу нив се наоѓа идниот премиер, идниот Џев Безос или Стив Џобс.
Македонија оваа година повторно се најде на листата со Аријана Коскарова и Бојан Коскаров, основачи на Creative Hub. На доделувањето на наградите Аријана се појави во semi-couture изглед на македонскиот дизајнер Мите Занов и го привлече вниманието на сите.
Рандал Лејн ја спомена во најавата како најдобро облечена и се пошегува дека треба да размисли за да отвори моден бренд, наместо тренинг хаб.