(ФОТО) Мартија во барбика одма после Макфест
За прв пат настапи на Макфестовската сцена во Штип и имаше добар настап кој „грмеше“ од младешка енергија и нејзиниот глас.
Мартија Станојковиќ одлично ја изведе песната и изгледаше убаво во облеката што ја одбра. Веднаш после нејзиното деби, по фотографиите од „Макфест“, на Инстаграм прикачи и фотка од по малку несекојдневен нејзин изглед. Во автомобил, а таа нашминкана како вистинска барбика.
Потенцирани очи и усни, порцеланско лице и многу долги нокти. По се
изгледа дека ужива во секоја трансформација и начинот на кој ја презентира.