(ФОТО) НАЈЛОШИТЕ МОДНИ ИЗДАНИЈА ВО 2018!
И покрај многубројните стилисти кои работат за нив, некои јавни личности годинава навистина потфрлија на црвениот килим. Селма Хајек, Блејк Лајвли, па дури и Кејт Бланшет се дел од ѕвездите кои во 2018 година нè изненадија со прилично лош стил. Во желбата да покажат колку добро ја познаваат модата, да изгледаат драматично и уникатно во комбинации за кои ќе се зборува, многу пејачки и актерки докажаа дека со експериментирањето во стилот треба особено да се внимава. За жал, годинава бевме сведоци на непријатни модни избори, особено кај дами кои досега нè воодушевуваа.
Иако ова беше година која во циклуси фанстастично успеваше да ги изнесе дводелните костуми, на доделувањето на ВМА наградите Блејк Лајвли ги зачуди сите со бизарна бела креација.
Селена Гомез колку и да важи за една од најубаво облечените млади девојки и таа годинава направи пропуст појавувајќи се на црвениот килим во необичен бел фустан.
Дури и Амал Клуни некогаш знае да погреши, а токму тоа и се случи на Мет Гала наградите, каде се појави во цветна комбинација со тегет пантолони.
Клое Грејс Морец неколкупати беше забележана во несекојдневни комбинации, носејќи парчиња кои не ѝ прилегаат на годините.
И Рита Ора годинава имаше неколку модни катастрофи, но највпечатлива беше во црниот фустан со многу детали кој го носеше на доделувањето на Видео музичките награди на Ем-Ти-Ви.
Хали Бери е позната по чудните модни избори, но годинава најлоши коментари доби на доделувањето на Златните глобуси кога се појави во црн фустан со чипка.