(ФОТО) Најсреќниот еж на светот патува по целиот свет со насмевка
Ежот Хербее од Германија е еден од најголемите „петинфлуенсери“ - благодарение на инспиративните фотографии кои на Инстаграм ги објавува неговата сопственичка, Талита Гирнус од Визбаден.
Талита започнала прво да објавува фотографии од своите патувања на кои се гледа претходникот на Хербее, Мр. Покее, а од неговата смрт нејзините патувања низ светот ги претставува преслаткиот Хербее.
Колку добро овој африкаснки џуџест еж се снајде како модел на „разгледниците“ од разните краеви на светот, најдобро говори фактот дека Хербее моментално има повеќе од 1,5 милиони следбеници кои ги следат авантурите на насмеаниот еж.
„Хербее и јас ве потсетуваме никогаш да не ја губите вербата, бидејќи светот е преполн со магични места и моменти и дека сепак не е лошо место“ - порача сопственичката на Хербее.
Повеќе фотографии од насмеаниот Хербее и неговиот претходник, Мр Покее може да погледнете на нивниот Инстаграм профил.