(ФОТО) Некогаш најубавото девојче на светот, денес топ модел

(ФОТО) Некогаш најубавото девојче на светот, денес топ модел

Објавена во: Мода // Moj стил

Манекенката Тилан Блондо (17), „Воуг магазин“ пред десет години ја прогласи за најубавото девојче на светот. Денес е повторно во центарот на вниманието откако го прифати предизвикот „10 години“ кој е популарен на социјалните мрежи.

Објавените фотографии ја прикажуваат како шестгодишно девојче и денес, како успешен модел кој снима модни едиторијали и кампањи. Освен тоа, Тилан има и своја модна линија и денес е амбасадорка на „Лореал“.  Таа е ќерка на францускиот фудбалер Патрик Блондо.

„Предизвик 10 години. Ви благодарам 2,9 милиони пријатели. Ве сакам многу, луѓе“, напиша Тилан на својот Фејсбук профил. 

„ Не се сметам за најубавата девојка на светот. Кога бев мала, луѓето тоа ми го зборуваа. Но, јас тоа не можев да го разберам. Кој тоа го вели? Кој вели дека сум најубава?“, рече манекенката во една прилика. 


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: