(ФОТО) Необичната чанта на Меган Маркл во која сите гледаа
На Божиќната служба, традиционално посетена од британското кралско семејство, оваа година се разбира беа присутни принцовите Хари и Вилијам со нивните сопруги.
Двете Војвотки избраа класични изданија, Кејт носеше комплет во црвен тон, додека Меган се одлучи за црна варијанта.
Меѓутоа, чантичката на Меган овојпат привлече посебно внимание.
Таа се издвојува во нејзината необична форма, а она што е интересно е дека е потпишана од познатата британска дизајнерка Викторија Бекам.
Според многумина, оваа интересна торба на одличен начин ја разби прилично монотоната комбинација на Меган Маркл и даде посебен печат на модерниот изглед.