(ФОТО) НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН: Лицата на холивудските убавици кога ќе се разбудат!
Многу холивудски актерки ги користат социјалните мрежи да промовираат став, интелект и природна убавина. Од една страна им се воодушевувате поради нереалните стандарди за убавина кои ги пласираат, а од друга страна се идентификувате со нив, но позади сите филтери, фотошопот, шминката и гламурот се кријат обични жени.
Отако се породи во јуни, Ева Лонгорија од дома најчесто излегува без шминка, а оваа фотографија е направена за време на бременоста.
Џенифер Лоренс, отечена и разбушавена е комплетен контраст од ѕвездата со беспрекорна шминка која сме навикнати да ја гледаме на црвениот килим.
Шерон Стоун опуштена во фармерки, маица и без шминка на аеродромот во Мајами.
Преубавата Ума Турман гордо се носи со нејзините 48 години и борите околу очите.
Лив Тајлер е жена која благодарение на природната убавина ги доби повеќето од улогите на големото платно. Продуцентите долго време ја ангажираа поради атрактивниот изглед и нејзиниот славен татко, но сега конечно се ослободи од притисокот дека мора секогаш да изгледа совршено.
Дека воопшто не ја засега имиџот во јавноста докажа и Џина Дејвис која во пижами, во четири попладне, оди да ја земе ќерката од училиште.
За крај ја имаме Криси Тајген, сопругата на музичарот Џон Леџенд која упорно ги руши нереалните идеали за убавина, иако ја сметаат за една од најубавите жени во светот.
Извор: Noizz.rs