(ФОТО) Нов моден погодок: Мартија заблеска во црвен фустан со интересни аксесоари!
Сезоната на свадбите е се уште во полн ек. Секојдневно на стори на Инстаграм гледаме видеа и фотографии на нашите следбеници кои се забаваат на некоја свадбена веселба.
Овој викенд и младата пејачка Мартија Станојковиќ беше на една ваква прослава. Нејзиниот Инстаграм профил е преполн со фотографии, а она што го привлече нашето внимание, беше нејзиниот одличен изглед.
Во црвено кратко фустанче со златни патенти, златна чанта и одличен аксесоар ги освои симпатиите на своите фанови. Ланчето кое Мартија го одбра за оваа пригода е многу необично, односно е со привезок - катанец.
Целиот „аутфит“ можете да го погледнете во продолжение.