(ФОТО) Нов тренд на Инстаграм: ОМБРЕ ТРЕПКИ!

(ФОТО) Нов тренд на Инстаграм: ОМБРЕ ТРЕПКИ!

Објавена во: Мода // In and Out

Модните блогери на Инстаграм пронајдоа уште еден необичен тренд - трепки во омбре техника.

Следејќи ја техниката #mermaidlashes, кога makeup уметниците ќе им додадат на црно-белите трепки сини нијанси на море, Инстаграм е побогат за уште еден храбар тренд - омбре трепки.

Сè е многу едноставно - лажните трепки се обоени така што нивните корени остануваат темни, а влакната се во сина, зелена, виолетова и розова боја. Некои блогери одат понатаму па ги нијансираат и своите веѓи во бојата на врвот на трепките. Таквата шминка изгледа несомнено импресивна, но е погодна за стилизирани фотографии или забава, а не за секојдневен изглед.

Ако идејата на омбре трепките е она што го сакате, користете едноставен трик-обојте ги трепките со вообичаена црна маскара, а потоа додадете малку сина или зелена боја на врвовите на трепките. Овој вид омбре трепки не е премногу упадлив и истовремено на вашиот изглед ќе му додаде свежи и светли акценти.


Фото:Instagram


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: