(ФОТО) Облече бела кошула и испрати важна порака: Тејлор Свифт го украде шоуто
Тејлор Свифт на синоќешното доделување на наградите „American Music Awards 2019“ освои дури 6 музички награди.
Покрај главната награда за уметник на годината, освои и 5 други, па сега има вкупно 19 награди, со кои го надмина рекордот на Мајкл Џексон кој има освоено 24 музички награди. Ја доби и наградата за почесен уметник на деценијата.
„Се што ми е важно се спомените кои ги имам со вас изминативе години“ - рече 29 - годишната пејачка на свеченоста во Лос Анџелес откако го изведе ремиксот од своите песни.
Се очекуваше дека Тејлор ќе проговори за кавгата со сопствениците на дискографската куќа „Big Machine Records“, бидејќи и ги одземале авторските права на нејзините први 6 албуми, кои ги сними додека имаше договор со нив. Поради тоа на Тејлор и се закануваше забрана за изведување на сопствената музика, како и забрана за користење на таа музика за документарецот кој го издаде за Нетфликс.
Пејачката не го спомна спорот, иако својот настап го отвори носејќи бела кошула на која беа напишани насловите на старите албуми.
„Оваа година за мене беше полна емоции. Беше навистина добро, но и многу комплицирана“ - рече Свифт која победи во конкуренција пред Дрејк, Ариана Гранде, Хелси и Пост Малон, наведува Си - Ен - Ен.
Ги доби наградите за најдобар видео спот, најдобар поп/рок албум, најдобра поп/рок прејачка.