(ФОТО) Огнената Ања: Црвено за првото музичко шоу во Беркли
„Денот што никогаш нема да го заборавам. Денот кога еден од моите сонови стана реалност. Денот кога моето прво шоу „A Night With Annia“ беше презентирано во кафетеријата на Беркли.“
Вака нашата пејачка Ања Ветерова го започна описот на фотографијата преку која им се заблагодари на сите што присуствуваа и што и помогнаа да го оствари својот сон.
Имено, таа студира на Музичкиот универзитет во Беркле, а токму таму, поточно во кафетеријата на Универзитетот го имаше своето прво музичко шоу. Ја забавуваше публиката со многу светски хитови и го оправда своето место.
Но, покрај прекрасниот глас, Ања воодушеви и со својот изглед. Облечена во црвени панталони и сако, со нежно розева маичка ги „украде“ воздишките, но и лајковите на Инстаграм.
Настанот кој се одржа изминатиот викенд е уште еден доказ за тоа колку нашата Ања ја сака својата професија и дека дефитивно музиката е она со што ќе се занива во животот.
„Уште од мала знаев дека сакам да ја работам оваа професија и никогаш досега не сум помислила за друга професија, ниту пак сум се двоумела дали да продолжам да се занимавам со музика. Тоа е нешто што најмногу ме исполнува и ме прави среќна. Не би можела да се замислам себеси во друга професија.“ - изјави Ања минатата година во интервју за Хаштаг.