(ФОТО) Откако изгуби 54 килограми, стана модел на годината
На Бони Стајнер и е доделена титулата модел на годината на британскиот Гламур, откако изгубила половина од својата тежина.
Доколку ова некој и го кажел пред 4 години, сигурно таа ќе му се насмеала. Бони тогаш тежела 105 килограми. Но, покрај тоа што работи и што е самохрана мајка на две девојчиња од четири и пет години, 35 - годишната Бони, пронашла време за да вежба шест дена во неделата и да се храни здраво.
Ослабнала 54 килограми и моментално има 57.
Размислувала да ја прекине кариерата на ДиЏеј, бидејќи повеќе немала самодоверба. Денес работи повеќе отколку порано, а започнала да работи и како модел.
Оваа недела ја замолиле да работи како ДиЏеј на доделувањето на наградите UK Glamour, а била и номинирана во нивната категорија модел, само што не сакала да каже на никој, бидејќи не верувала дека некогаш би била блиску до победата, пишува DevonLive.
„Бев ДиЏеј неколку години, но ја изгубив самодовербата и почнав да работам во супермаркет. Ми требаше дополнителна мотивација па одлучив да собирам пари за истражување на карцином кога се пријавав за лондонскиот маратон во 2017. Тогаш веќе имав ослабено малку и бев 76 килограми. Оттогаш продолжив да вежбам и да се хранам здраво“ - открива Бони.
Истакнува дека нема некоја посебна тајна, туку дека се е сведено на позитивно размислување и став, заедно со рутина, вежба, добра исхрана и многу вода.
„Работам шест дена во неделата и пробувам да се одморам еден ден, но и понатаму сум активна и трчам по децата. Понекогаш станувам во 6 наутро и правам вежби. Исто така одам во теретана, трчам имам два коњи, па уживам и во јавањето. Моите цели се променија и сега само сакам да ја продолжам мојата кариера како ДиЏеј и модел. За среќа тие две работи одат заедно“ - раскажа Бони и додава дека таа била најмногу шокирана за круната модел на годината.