(ФОТО) Пејачката се потсети на минатото: Елена Ристеска како тинејџерка
Во последно време голем тренд е споделување на фотографии од младоста. Секојдневно некој наш пријател, познајник или познато име реобјавува фотографии од поодамна. Една од нив е пејачката Елена Ристеска.
Имено, таа сподели фтогорафии од тинејџерските денови. Облечена во летно фустанче со цветен дезен и со добро препознатливата насмевка, Елена позира пред објективот.
„Младата јас“ - напиша пејачката покрај фотографијата и стави зачудени емоџиња.