(ФОТО) По неколку часа чекање, фановите ги дочекаа Вардарци и шампионскиот пехар!
Неколку часа се одложуваше пристигнувањето на ракометните ѕвезди од Вардар. Вардарци по неколку часа доцнење пристигнаа на градскиот плоштад каде што ги очекуваат неколку илјади обожаватели.
Комитските песни ечеа од грлата на обожавателите, а Вардарци беа пречекани со огромни овации!