(ФОТО) По стапките на Кејт: Меган ја рециклира својата облека
Дека припадничките на британското кралско семејство се многу скромни, докажува и тоа што многу често ги гледаме во добро познати креации.
Трендот на рециклирање на гардеробата го започна војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, а од неодамна и се придружи и Меган Маркл.
Модните комбинации на двете војвотки го привлекуваат вниманието на медиумите, па така не можеше да помине незабележано дека сопругата на прицот Хари на светскиот самит „One Young“ се појави во креација која ја носеше во текот на бременоста.
Станува збор за фустан од неполни 2000 денари од познатиот бренд Aritzia, а кој остана запаметен по смелата комбинација со црвениот капут.
Иако најчесто сме навикнати да ја гледаме со уредно врзана коса во ниска пунџа, овој пат Меган ја пушти косата, модните експерти велат дека го направила тоа за да ги прикрие подочњаците и уморот.