(ФОТО) Се инспирираше од Барби: Мартија доби лајк од познат српски пејач

(ФОТО) Се инспирираше од Барби: Мартија доби лајк од познат српски пејач

Објавена во: Moj стил, Музика

Покрај тоа што има фантастичен глас, Мартија Станојковиќ веќе стана и тинејџ трендсетерка кај нас. Нема настан каде не е убаво облечена. Сето тоа го прави со стил, прикладен за годините, а фотографиите кои ги објавува на Инстраграм добиваат огромен број коментари и лајкови.

Изминатиот период присуствуваше на неколку свадби на кои заблеска во прекрасни фустани, а исто така тука е и фестивалот на забавна музика „Макфест“, каде што заблеска во бело тренди фустанче.

Но, сега направи тотална трансформација, испирирана од најпозната кукла во светот, Барби. Мејкап - от, фустанчето, аксесоарите, па дури и тренди ноктите, буквално сѐ потсетува дека Мартија е во светот на Барби. 


Покрај поддршката од обожавателите, младата пејачка доби лајкови и од неколку познати ѕвезди, меѓу кои беше и пејачот Милан Станковиќ, кому Мартија му беше миленичка додека се натпреваруваше во „Ѕвездичките на Пинк“.

Објавена во: Moj стил, Музика

Можеби ќе ве интересира: