(ФОТО) Со тениско топче го погоди девојчето во глава, а со својот потег ги разнежни сите присутни!
Или си господин или не си. Така гласи животната поговорка која многумина сакаат да ја следат, но некоои и не успеваат во тоа. Александер Зверев дефинитивно го доби тој статус.
Во тениските мечеви голем е ризикот дека топчето ќе ве погоди во глава, а овој пат жртва беше едно девојче.
Александер и Миша Зверев играа на турнирот во Рим во парови против Клаасен и Венус. Подобро рангираниот брат Зверев заврши со брилијантен „смеч“ и топка во трибините, а таа за жал удри во главата на едно девојче кое од трибините ја следеше оваа средба.
Александер веднаш отрча до девојчето и ги воодушеви сите со својот потег. Прво ја праша дали е добра, а потоа и поклони лента за главата. И ја заврза околу нејзината глава, а потоа се врати на работа. Воодушевените гледачи ракоплескаа и го скандираа името на Александер, додека преслаткото девојче со насмевка го прифати подарокот од тенисерот и заборави на болката.
Доколку сакате да го видите видеото од оваа случка кликнете ОВДЕ.