(ФОТО) Тато ова е за тебе: Џина за Шумахер ги носеше боите на Ферари
Најголемиот возач во историјата на Формула 1, Михаел Шумахер во декември 2013 година доживеа тешка повреда на главата додека беше на скијање, а за неговата состојба сите овие години се знае само дека е - тешка.
Тој во 2014 година од болница е преместен во својот дом во кој за него, освен докторите, се грижат и неговата сопруга Корина, ќерката Џина Мариа и синот Мајк.
Синот оди по стапките на таткото и е професионален возач, а Џина Марија ги обожава коњите и се занивама со јавање.
„Татко ми ме предупреди: 'За автомобилот не мора да се грижиш како за коњот. Автомобилот едноставно го паркираш во гаража и немаш гајле. Со животните е поинаку. За својот коњ мора да се грижиш секој ден'“ - во една прилика раскажа ќерката на Шумахер.
Таа на натпреварувањето со коњи во Верона пронајде најчин како да оддаде почит на својот татко. На натпреварот јавала облечена како пилотите на Ферари, со заштитната кацига на глава, дури и коњот бил во боите на Ферари.